Акција "Теово 2009"

Во периодот од 21-23.10.2009 година во с. Теово, општина Богомила се одржа традиционалниот извиднички натпревар "Теово 2009". Организатор на натпреварот беше ИО "Илинден" од Скопје.


 

 На натпреварот учествуваа екипи од повеќето извиднички одреди од Република Македонија. Учеснниците на натпреварот се натпреваруваа во неколку дисциплини од областа на ориентацијата и топографијата (лесна ориентација), како и во голем број полигонски активности, како што се полигон на спретност, стреличарство, врзување јазли, скокање во вреќа, вадење јаболки од сад со вода, јадење мармалад, ППЗ практично итн. ИПО "Галеб" на овој натпревар учествуваше со една екипа која го освои третото место на истиот. Во текот на неговата реализација натпреварот беше посетен и од други извидници од ИПО "Галеб". Целокупната организација на натпреварот беше на солидно ниво, а како единствен проблем може да се истакне неодржувањето на културно-забавната програма која беше предвидена за втората вечер. Временските услови беа поволни и во голема мера придонесоа за успешната реализација на натпреварот. Повеќе фотографии од акцијата "Теово 2009" можете да погледнете во галеријата.